ФЛОЈД МЕЈВЕДЕР ЈА ИЗБРКАЛ СВОЈАТА СВРШЕНИЦА ОД ДОМА

ФЛОЈД МЕЈВЕДЕР ЈА ИЗБРКАЛ СВОЈАТА СВРШЕНИЦА ОД ДОМА

Еден од најдобрите боксери во историјата, ексцентричниот егоист, Флојд Мејведер, откако сфатил дека добро ќе му дојде уште некој милион на контото, одлучи да се врати назад од пензија за да го понижи јутјуберот Логан Пол. Тие ќе се борат во егзибициски дуел, тип на натпревар што се испостави како финансиски најисплатлив во последниве неколку години, имајќи предвид дека и победникот и поразениот заработуваат „тешки“ милиони од гледачите кои ја плаќаат привилегијата да го гледаат мечот.

Според американските медиуми, Флојд ја избркал својата свршеница Ана Монро, поради фактот дека со својата сексипилност го деконцентрирала и му го одвлекувала вниманието. Инаку Ана работи како стриптизерка.

„Ана се вратила назад во својот стан. За неа сето ова е стресно, но свесна е дека Мејведер е тој што ги влече потезите во нивната врска. Но и покрај тоа, чудно е што ја приморал да се исели, бидејчќи неговата вила има дури 11 спални соби и може таа да живее таму без да има било каков контакт со Флојд“, вели пријател на стриптизерката за „Сан“.

Дуелот на Мејведер со Пол е закажан за 6 јуни. Оваа пресметка нема да влијае врз беспрекорниот скор 50-0 со кој Американецот се пензионира, бидејќи станува збор за неофицијален меч исклучиво за пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *