КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ ОБВИНЕТИ ЗА КРАЖБА НА РИМСКА СТАТУА ВО ИТАЛИЈА

КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ ОБВИНЕТИ ЗА КРАЖБА НА РИМСКА СТАТУА ВО ИТАЛИЈА

Ким Кардашијан и Канје Вест паднаа во голем скандал откако името на реалити шоу ѕвездата беше напоменато во судски случај во кој се тврди дека учествувала во увоз на античка римска статуа за која американските власти тврдат дека е украдена од Италија.

Судските документи кои беа поднесени во петокот во Калифорнија велат дека американската влада побарала одземање на „украдената, шверцувана и нелегално извезена“ античка статуа за која се верува дека ѝ била предадена на ѕвездата.

Од тимот на Кардашијан велат дека „никогаш не го купила ова парче“ и дека „дури сега дознала за постоење на оваа статуа.

https://www.instagram.com/p/CMfD5HWgqr8/?utm_source=ig_embed

„Веруваме дека можеби е купено со нејзино име без овластување, таа никогаш не ја добила статуата ниту била свесна за трансакцијата. Ние ја охрабруваме истрага и се надеваме дека статуата ќе биде вратена на вистинските сопственици“,

вели портпаролот на Ким во изјавата за Си-Ен-Ен

Властите ја опишаа скулптурата како „Фрагмент од Сајонска Атина на Мирон“ која датира уште од I или II век од нашата ера. Статуата била запленета од американската царина и гранична полиција на пристаништето во Лос Анџелес во јуни 2016 година, како дел од пратката „Антиквитети и модерен мебел и украси“ во која имало 40 артикли и проценета вредност над 745,000 американски долари.

Во формуларот поднесен од царината се наведени увозникот и примачот на артиклите како „Ноел Робертс Траст“, компанија која директно е поврзана со набавките на недвижнини на Ким и Канје.

Еден од испраќачите на пратката бил познат дилер на уметности и дизјанер за ентериер кој работел со поранешниот пар на неколку нивни имоти.

Археолог испратен од Министерството за културно наследство на САД оценил дека статуата е изработена во „класичен стил“ кој датира од периодот на раното до средноримското царство, додавајќи дека треба да се направат сите напори за враќање на статуата во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *