МЕЛИНДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД БИЛ ГЕЈТС И ЗАРАБОТИ 1.8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ!

МЕЛИНДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД БИЛ ГЕЈТС И ЗАРАБОТИ 1.8 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ!

Инвестициската компанија на Бил Гејтс пренесе 1,8 милијарди долари во акции на неговата сопруга Мелинда истиот ден кога парот објави дека се разведува по 27 години брак.

Веста за ненадејниот развод на двојката одекна во светската јавност, како и шпекулациите за тоа колку пари ќе добие Мелинда Гејтс.

Каскад Инвестмент Холдинг, компанија ко-основана од „Мајкрософт“ за управување со голем дел од своите финансиски средства, пренесе повеќе од 14 милиони акции на Канадските национални железници на Мелинда Гејтс во понеделникот, пишува „Њујорк пост“. Истиот ден, 2,9 милиони акции на „Автонејшн“ беа проследени до Мелинда Гејтс, што е околу три проценти од вкупните акции на компанијата.

Врз основа на цените на акциите во средата, акциите на „Канадските национални железници“ вредат повеќе од 1,5 милијарди американски долари, а акциите на „Автонејшн“, компанија со седиште во Флорида која продава автомобили, се проценуваат на повеќе од 300 милиони американски долари .

Двојката, која поднесе барање за развод на почетокот на оваа недела, немаше предбрачен договор. Наместо тоа, тие потпишаа договор за разделување за поделба на имотот, но условите на договорот не беа објавени во судските документи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *