ПРИНЦОТ НА БЕЛИОТ КОЊ ОД СНЕЖАНА Е СИЛУВАЧ?!

ПРИНЦОТ НА БЕЛИОТ КОЊ ОД СНЕЖАНА Е СИЛУВАЧ?!

„Снежана и седумте џуџиња“ е една од најпознатите и најомилените бајки на многу генерации е најновата жртва на т.н. „Cancel Culture“ и новите генерации не се задоволни со анимираниот филм. Главниот проблем е сцената во која принцот ја враќа Снежана во живот.

Според „Cancel Culture“ фанатиците, принцот бакнал непозната девојка, која е практично мртва, без нејзина дозвола што дава основа да се смета дека тој е силувач. Слична е реакцијата и во однос на принцезата Аурора, повеќе позната како Заспаната убавица.

„Снежана и седумте џуџиња“ има и неколку адаптации, како што се неколку обиди за давење и чешлање со затруен чешел, пред лошата маќеа да одлучи да го употреби отровното јаболко. Нешто што е поинтересно е фактот што во оригиналното дело на браќата Грим, принцот воопшто не ја бакнува Снежана, туку едно од џуџињата се сопнува, па парчето отровно јаболко излегува од нејзината уста и таа се буди.

Приказната завршува со нивната венчавка, а лошата маќеа танцува со вжарени оловни чевли додека не падне мртва на нивната свадба. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *