УШТЕ ЕДНА КРАЛСКА ДВОЈКА ИЗЛЕЗЕ НА ЈУТЈУБ И СОБРА ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ФАНОВИ

УШТЕ ЕДНА КРАЛСКА ДВОЈКА ИЗЛЕЗЕ НА ЈУТЈУБ И СОБРА ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ФАНОВИ

Вилијам и Кејт на нивниот Твитер профил споделија дека направиле сопствен канал на Јутјуб и дека на истиот ќе споделуваат клипови од нивните животи и со тоа ќе ги приближат добрите и лошите страни на секојдневниот живот на членовите на кралското семејство.

Според нив ова е нова идеја преку која може просечниот Британец, но и жителите на светот да имаат увид во животот на идниот крал и неговото семејство, објавија тие во само една реченица.

Каналот е наречен едноставно „Војводата и војотката од Кембриџ“ и собраа повеќе од 50.000 претплатници за помалку од два часа од неговото официјално објавување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *