ВИДЕО: МЕЈВЕДЕР УДРИ ПО БРАЌАТА ПОЛ

ВИДЕО: МЕЈВЕДЕР УДРИ ПО БРАЌАТА ПОЛ

Флојд Мејведер е еден од најголемите и најбогатите боксери на сите времиња и се враќа од пензија за да го научи јутјуберот Логан Пол на една важна лекција за скромност. Мејведер е познат по фактот дека сака добра заработка и се огласи на пресметка со Логан кој досега само еднаш се има борено во рингот и тоа против јутјуберот КСИ.

Мејведер може да заработи повеќе од 50 милиони долари од оваа егзибициска борба која ќе се одржи на 6. јуни на стадионот „Хард Рок“ во Мајами. Борбата имаше промотивна прес-конференција која стандардно заврши во општ хаос откако Мејведер се соочи со братот на Логан, Џејк.

Џејк се обиде да избега со капата на Мејведер, но брзо беше фатен од обезбедувањето на Мејведер, па доби неколку удари и заврши со модро око.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *