МОДЕРНА: НАШАТА ВАКЦИНА КАЈ ДЕЦАТА ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ОД 96%

МОДЕРНА: НАШАТА ВАКЦИНА КАЈ ДЕЦАТА ПОКАЖА ЕФИКАСНОСТ ОД 96%

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека нејзината вакцина против коронавирус е 96 проценти ефикасна кај деца на возраст од 12 до 17 години, покажуваат резултатите од првите клинички испитувања.

Две третини од 3.235 учесници во студијата во САД примиле вакцина, а една третина плацебо.

Студијата “покажа ефикасност на вакцината против Ковид-19 од 96 проценти. Вакцината mRNA-1273 е генерално добро толерирана, и досега не е забележано ништо сериозно што би предизвикало прашања во врска со безбедноста на вакцината”, велат од компанијата.

Студијата откри 12 случаи на коронавирус 14 дена по првата доза. Резултатите се базираат на субјекти на следење во просек 35 дена по втората доза на вакцина.

Фармацевтската компанија соопшти дека несаканите ефекти биле „лесни или умерени“, најчесто болка на местото на убодот. По втората доза, несаканите ефекти вклучуваат „главоболка, замор, болки во мускулите и треска“, слични на оние што се забележани кај возрасните кои примиле вакцина.

Вакцината во моментов е одобрена само за лица над 18 години.

Фајзер и Бионтек веќе аплицираа за одобрување на нивната вакцина за деца на возраст од 12 до 15 години во САД и Европа. Во средата, Канада стана првата земја што ја одобри нивната вакцина за оваа група.

Во март, Модерна започна со тестирање на вакцината врз деца на возраст од шест месеци до 11 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *