„ОФФЕСТ“ ОДЛОЖЕН ЗА НОЕМВРИ ПОРАДИ ГРЕШКА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

„ОФФЕСТ“ ОДЛОЖЕН ЗА НОЕМВРИ ПОРАДИ ГРЕШКА НА МИНИСТЕРСТВО ЗА КУЛТУРА

Јубилејното 20. издание на „Оффест“ нема да се одржи во периодот од 2 до 6 јуни, туку е презакажан за 9 до 13 ноември бидејќи Министерството за култура не им ги исплатило парите на време.

Ова е прв ваков случај во историјата на „Оффест, како и на постариот Скопски џез фестивал, на кој искрено се надеваме дека нема да му се случи нешто слично. Новите термини на „Оффест“ се 9-13 ноември 2021. Фестивалот, годинава со значително скратен буџет, во најголем дел ќе ја зачува веќе подготвената програма, првично предвидена за реализација во јуни, со истото планирано фестивалско отворање – концертот на модерниот фадо дует Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов“,

наведуваат од Скопски Џез Фестивал

Во рамки на првата фестивалска вечер, покрај изведбата на Лина Родригез и Раул Рефре, ќе биде прикажан и документарниот филм „The Art of Amalia“ посветен на кралицата на португалското фадо, Амалија Родригез.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *