„PEAKY BLINDERS“ ПОД ИСТРАГА- СЕ СНИМАЛА ШЕСТА СЕЗОНА, ИАКО ИМАЛО ЗАРАЗЕН ВО ПЕРСОНАЛОТ

„PEAKY BLINDERS“ ПОД ИСТРАГА- СЕ СНИМАЛА ШЕСТА СЕЗОНА, ИАКО ИМАЛО ЗАРАЗЕН ВО ПЕРСОНАЛОТ

Продуцентите на серијата „Peaky Blinders“ се под истрага затоа што продолжиле со снимањето, иако знаеле дека меѓу членовите на персоналот има позитивни на коронавирус.

Продуцентите на серијата, чија шеста сезона се снима во моментов, се под истрага под сомнение за кршење на безбедносните протоколи, односно затоа што не престанале да снимаат кога дознале дека еден од членовите на техничкиот тим е позитивен, пишува „Гардијан“.

Портпарол на серијата изјави дека снимањето е накратко прекинато откако се дознало дека резултатот од тестот на еден член на тимот, кој се покажал позитивен, на крајот бил лажен. Сепак, членовите на тимот изјавија дека снимањето продолжува и покрај тоа што продуцентите знаеја дека еден член на тимот е позитивен. Еден член на тимот тврди дека резултатите од тестот им биле скриени и дека, откако сè било откриено, многумина повеќе не сакаат да работат на снимање на таа популарна ТВ серија, пренесува „Хедлајнер“.

Сите овие тврдења се особено загрижувачки ако се знае дека снимањето на шестата сезона беше стопирано во март минатата година и продолжи во јануари годинава кога беше официјално објавено дека ќе бидат воспоставени безбедносни протоколи за да се обезбеди снимање на серијата и безбедноста од сите вклучени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *