ЧЕЛСИ ЈА ОСВОИ МЕНТАЛНАТА БИТКА ВО ПРЕСРЕТ НА ФИНАЛЕТО НА ЛШ

ЧЕЛСИ ЈА ОСВОИ МЕНТАЛНАТА БИТКА ВО ПРЕСРЕТ НА ФИНАЛЕТО НА ЛШ

Манчестер е обоен во сино, но не синото на „граѓаните“. На домашен терен сред „Етихад“ домаќините прокоцкаа можност да отидат кон финалето од Лигата на шампионите со ментална предност над нивните ривали – Челси. Сити поведоа први благодарение на извонредниот гол на Стерлинг, а само неколку минути подоцна пред да се заокружи првото полувреме имаа можност од белата точка да го зголемат водството.

За жал, трагичарот беше Серхио Агуеро кој не го реализираше пеналот. Аргентинецот пороба лукаво со „паненка“ да го изненади голманот на Челси, но тој беше на врвот на задачата. Во 63. минута „сините“ го доведоа победникот во знак прашање откако Зијаш ја пронајде мрежата на Сити.

Мотивирани од израмнувањето, избраниците на Тухел атакуваа кон пресврт и беа на прагот да го постигнат тоа доколку не им беше поништен гол поради офсајд. Во стандарден англиски начин последната минута е најсмртоносна и така се покажа и во овој дуел.

Невниманието на одбраната на „граѓаните“ ја искористи Алонсо, кој ги постави конечните 1:2. Со овој пораз, Сити ќе мора да почека пред промоцијата во нов шампион, додека Челси со оваа победа се проби на третото место пред Лестер. Важно да се напомене е и менталната предност со која ќе напаѓаат кон нивната втора титула во ЛШ, а Сити се надева да се запише на вечната листа на шампиони.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *