АГУЕРО СЕ ИЗВИНИ ЗА ОЧАЈНО ИЗВЕДЕНИОТ ПЕНАЛ

АГУЕРО СЕ ИЗВИНИ ЗА ОЧАЈНО ИЗВЕДЕНИОТ ПЕНАЛ

Во големото англиско дерби кои се одигра вчера на „Етихад“, Челзи предводен од Томас Тухел успеа да го одложи славјето на Манчестер Сити за извесното освојување на титулата во Премиер Лигата, откако „сините“ успеаја да ги победат момците на Пеп Гвардиола со 1-2.

Најголемо разочарување на средбата беше легендата на „граѓаните“, Серхио Агуеро, кој се посрамоти во финишот на првиот дел со очајно изведениот пенал. Аргентинецот наместо да му донесе водство на својот тим од 2-0 во судиското продолжение на првиот дел, изведе очаен пенал со „паненка“, што Едуард Менди лесно го одбрани.

Аргентинецот кој и онака одамна не е во плановите на Агуеро, мораше да се извини за ваквиот почетнички потег на социјалните мрежи.

„Би сакал да им се извинам на моите соиграчи, стручниот штаб и на сите навивачи на клубот за промашениот пенал. Тоа беше лоша одлука и ја преземам целата одговорност на себе“, напиша напаѓачот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *