ЕЈМИ ЛИ ОД EVANESCENCE КОНЕЧНО ОТКРИ ЗА КОГО Е НАПИШАН ХИТ СИНГЛОТ

ЕЈМИ ЛИ ОД EVANESCENCE КОНЕЧНО ОТКРИ ЗА КОГО Е НАПИШАН ХИТ СИНГЛОТ

Пејачката на еден од најпознатите бендови, Evanescence, откри за кого е наменет нивниот сингл кој ги стави на вечната листа на евергрини, „Bring Me to Life“. До ден денес песната на Ејми Ли е еден од најпрепознатливите хитови од 2000-тите ширум музичкиот свет и има добиено сертифицирана платина или мулти-платина во најмалку пет држави.

„Песната ја напишав за мојот сегашен сопруг пред да се венчаме. Имаше еден момент, кога бев во темно место и лоша врска, а мојот сопруг, Џош, на времето беше само пријател и човек кој едвај го познавав. Можеби беше трет или четврт пат што се сретнавме и отидовме во ресторан да фатиме место додека нашите пријатели ја паркираа колата. Седнавме еден спроти друг и се погледнавме, кога наеднаш ме праша „Дали си среќна?“,

вели Ли за „Соник Седусер“

Таа била изненадена бидејќи мислела дека добро ја прикрива нејзината болка и наеднаш зборовите и поминале низ срцето. Од таму всушност и доаѓа делот од песната – „How Can you see into my eyes, like open doors“. Таа средба ѝ дало чувство дека заслужува нешто подобро и го започнала своето патешествие кон подобар живот и подобро место.

Ли е воодушевена што токму оваа песна го пробила бендот на сцената бидејќи е моментот кога го презела животот во свои раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *