ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЛОИ

ДЕЈАН ГЕОРГИЕВСКИ ЌЕ ГИ БРАНИ БОИТЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ЛОИ

Македонија доби нов учесник на Олимписките игри во Токио откако на спектакуларен начин стигна до пласман на нив. Со победа против актуелниот олимписки шампион, Радик Исаев од Азербејџан со 13-6, македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски оди на ЛОИ. На квалификацискиот турнир во Софија, Георгиевски прво го победи Динко Шегедин од БиХ со 17-9, а потоа и против големиот фаворит Исаев.

„Во оваа прилика сакам лично да му се поклонам на брат ми Борче Костовски, којшто исто како и јас живееше за овој миг, но тој е најглавниот виновник за овој историски македонски миг. Благодарност до претседателот на МОК Даниел Димевски и спортскиот директор Владимир Богоевски што овие олимписки квалификации ги поминаа заедно со нас во Софија. РАДУВАЈ СЕ МАКЕДОНИЈО, ВО ТОКИО ОДИМЕ ПО ЗЛАТО И НИКАКО ПОИНАКУ“,

напиша Георгиевски на социјалните мрежи

Со ова, Георгиевски е првиот спортист роден во Македонија што обезбедил А-норма за ОИ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *