КОЈ ДРУГ ЈАЗИК ГО ЗБОРУВА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА?

КОЈ ДРУГ ЈАЗИК ГО ЗБОРУВА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА ВТОРА?

Кралицата Елизабета II е монарх со најдолго владеење во британската историја, па по толку бројни средби со светски лидери, не е чудно што успеала да научи уште еден јазик. За да се стави во перспектива колку долго владее кралицата Елизабета, ќе ви кажеме само дека за време на нејзиното владеење се променети дури 12 различни претседатели на САД.

Многу членови од кралското семејство патуваат, па некои од нив зборуваат на повеќе јазици како што се францускиот, германскиот, шпанскиот или пак велшкиот јазик. Наводно, принцот Чарлс и принцот Вилијам зборуваат по пет јазици.

Сепак, кралицата Елизабета научила само уште еден јазик покрај нејзиниот мајчин јазик. Станува збор за јазикот на најголемиот историски противник на Обединетото Кралство – Франција. Кралицата како дете го научила францускиот јазик од нејзината учителка и гувернанта, Мерион Крофорд.

Во 2014 година, за време на посета на Франција, таа дури одржала цел говор на француски јазик. Покрај Елизабета, со францускиот владеат принцот Чарлс, принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, принцот Филип, принцезата Ана и принцот Ендрју.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *