ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС НА ЧЕВЛИТЕ

ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД НЕПРИЈАТНИОТ МИРИС НА ЧЕВЛИТЕ

Се наближува летото, а тоа значи дека повеќе ќе се потиме, а повеќе потење значи дека често ќе се бориме и со лошата „арома“ која доаѓа од нашите чевли. Не секој може да си приушти квалитетни дизајнерски кожни чевли, па често завршуваме со чевли кои по некое време добиваат непријатен мирис.

Еве неколку начини на кои можете ефикасно да се ослободите од миризбата на чевлите.

  1. Во шише, измешајте алкохол, вода и неколку капки есенцијално масло од лимон или портокал и потоа со истото добро испрскајте ги чевлите.

2. За време на ноќта ставете малку сода бикарбона во чевлите и оставете да отстои преку ноќ. Наутро, само истресете ја и ќе бидете изненадени од резултатите.

3. Како последен начин, ставете прашок за пециво, малку сода бикарбона и пченкарно брашно. Потоа, ставете ги чорапите во чевлите и доволно е само да ја поминат ноќта. Тие ќе бидат подготвени за ново користење наутро.

Важно да се напомене е дека методите за ослободување од непријатната миризба може да се повторат најрано на околу 10 дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *