ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НЕВЕРОЈАТНИОТ ПОГЛЕД ОД НАЈВИСОКИОТ БАЗЕН НА СВЕТОТ

ВИДЕО: ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НЕВЕРОЈАТНИОТ ПОГЛЕД ОД НАЈВИСОКИОТ БАЗЕН НА СВЕТОТ

Новоотвореното луксузно одморалиште во Дубаи ги отвори своите врати, а со тоа го отвори и импресивниот базен за гости кој е поставен на скромна висина од 300 метри, односно на 77-миот кат. Ова е рекордна висина за еден базен, потврдија од Гинисовата книга на рекорди.

Базенот има должина од 94,84 метри, а е широк 16,5 метри, скоро двојно подолго од олимписки базен.

Гостите кои имаат над 21 година може да уживаат во прекрасниот поглед, како и оние кои имаат резервирано место во азискиот ресторан „Zeta Seventy Seven“, именуван поради 77-миот кат. Одморалиштето покрај овој феноменален базен има и „небесен мост преку кој се поврзани 63. и ѕ77. кат. Во тој дел од двете кули, на висина од скоро 300 метри, има луксузни станови и апартмани.

Импресивната зграда е отворена во декември 2020 година и е уште една во низата архитектонски атракции во Дубаи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *