ИДНИНАТА Е СЕГА: ВО РИМ ПОСТАВЕНИ МАШИНИ ЗА ГОТОВА ПИЦА

ИДНИНАТА Е СЕГА: ВО РИМ ПОСТАВЕНИ МАШИНИ ЗА ГОТОВА ПИЦА

Како што многу работи кои сме ги гледале само на филмовите од минатиот век, денес се реалност, таков е случајот и со машината во Рим, која „исплукува“ готова совршено испечена пица. Во италијанската престолнина за прв пат се појавија апарати за пица кои го подготвуваат и послужуваат ова традиционално италијанско јадење за само три минути.

Купувачите од апаратот со име „Господин Го Пица“, може да бираат помеѓу четири врсти пица кои чинат од 4,5 до шест евра.

Машината работи едноставно, но навистина импресивно. Сè што прави е тоа што го меша тестото и става фил, а купувачите тоа може дури и да го гледаат низ мало прозорче како на микробранова печка. Како и да е, оние кои ја пробале пицата не оставиле најсјајни коментари. Некои велат дека е задоволителна, но други велат дека е одвратна, што и не е чудно за луѓе кои не се навикнати на вакви пици, како оние полузамрзнати и полуготови за кои сме свесни дека не го имаат вкусот што го очекуваме, дури и во моментот кога ги купуваме.

-„Помала отколку во ресторан, а има и помалку фил, изјавил еден пензионер“, пренесува Н1.

Луѓето одамна јадат различни облици на леб или тесто со фил, но општо прифатено е дека пицата е совршена во Наполи, каде долго била улична храна за сиромашни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *