„ТАКАМАТСУ ВО КИНА – БОРБАТА СО ЧО ШИРЈУ“ Е ВТОРАТА МАКЕДОНСКА МАНГА

„ТАКАМАТСУ ВО КИНА – БОРБАТА СО ЧО ШИРЈУ“ Е ВТОРАТА МАКЕДОНСКА МАНГА

Фановите на јапонските стрипови(манга) во Македонија имаат причина за славје откако е најавен вториот домашен манга стрип „Такаматсу во Кина – Борбата со Чо Ширју“. Ова пријатно изненадување го објави првиот македонски манга издавач – „Пат кон Сонцето“.

По издавањето на истоимениот манга стрип, кој воедно беше прв манга стрип во Македонија, сега бидете спремни за нов предизвик. Мангата ќе се издава во серија, а секој број ќе опишува по една случка од животот на т.н. Монголски Тигар (Моко Но Тора).

Првиот број со наслов „Такамтсу во Кина – Борбата со Чо Ширју“ е посветен на борбата на живот и смрт со непобедливиот шаолински борец. Автор на стрипот е Игор Довезенски, додека илустрацијата е на Таки Гаковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *