ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ ВО ЗАМОКОТ НА ДРАКУЛА

ВАКЦИНИРАЈТЕ СЕ ВО ЗАМОКОТ НА ДРАКУЛА

Туристите кои ќе сакаат да престојуваат во замокот Бран од XIV век, кој му припаѓал на Влад Тепеш и е инспирација за креирањето на романот „Дракула“, ќе можат да побараат од медицинскиот персонал бесплатно да се вакцинираат против Ковид-19.

Од управата на дворецот се надеват дека ваквиот потег ќе ги мотивира туристите да сакаат повеќе да се вакцинираат со вакцината на Фајзер. Улога игра и фактот што посетите се значително опаднати од почетокот на пандемијата, па на овој начин ќе ги привлечат туристите да дојдат во Трансилванија.

Вакцинирањето е бесплатно, а тоа може да се направи секој викенд во мај и плус посетителите добиваат бесплатен влез на изложбата со 52 средновековни инструменти за мачење. Романската влада има за цел да вакцинира 10 милиони граѓани до септември, но откако се покажало дека Романците најмалку се заинтересирани за имунизација, морале да побараат помош дури и од Дракула.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *