СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ФИЛИПЧЕ ОЧЕКУВА КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ДО ЕСЕН

СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРЕСОТ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА, ФИЛИПЧЕ ОЧЕКУВА КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ ДО ЕСЕН

Ситуацијата со ковид-19 во Македонија полека се смирува, а Филипче очекува колективниот имунитет да го постигнеме до крајот на летото. Во однос на вакцинирањето, Филипче најави дека приоритет ќе им се даде и на оние граѓани кои се пријавиле да се вакцинираат преку сајтот вакцинација.мк.

Бројот на вакцинирани расте велат од министерството за здравство.

„Сите кои се пријавиле без разлика на возраста ќе бидат повикани преку мејл или СМС порака. Сега, со пристигнувањето на оваа значајно голема количина вакцини, а очекуваме уште стотина илјади на 15 мај, повторно од производителот „Синофарм“ и количината од 500 илјади вакцини од производителот „Синовак“ до крајот на мај, значи една значајно голема количина, која ќе се дистрибуира по овие два канала што ги спомнав, решивме да се стави приоритет на тие што се пријавиле и затоа се направи пресек на 30 април“, изјава Венко Филипче министерот за здравство за Радио Слободна Европа.

Министерството за здравство информира дека заклучно со завчера вакцинирани биле вкупно 107.978 граѓани, а на веб-платформата „vakcinacija.mk“ се пријавиле 279.909 лица.

Нагласуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува.

„Во државата вкупно се аплицирани 130.878 дози вакцини, а ревакцинирани се 22.900 граѓани. Со последните бројки околу 30 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина“, соопштија вчера од Министерството за здравство.

Имено, во последните 24 часа се регистрирани 135 нови случаи на Ковид и 14 починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.026, бројката на оздравени пациенти е 137.962, на починати е 5.093, а бројот на активни случаи изнесува 10.971.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *