НОВ ПРЕДЛОГ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ПОЛНОЌ И ОТВОРАЊЕ НА ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ?!

НОВ ПРЕДЛОГ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД ПОЛНОЌ И ОТВОРАЊЕ НА ФИТНЕС ЦЕНТРИТЕ?!

Полицискиот час да трае од полноќ до пет наутро, а кафеаните само на отворено да работат до 23:30 часот, како и отворање на фитнес центрите и теретаните, предлагаат од КЗБ. Покрај тоа, се најавува и олабавување на мерките, соопштува министер за здравство Венко Филипче.

Министерот ќе ги предложи новите мерки на Главниот координативен штаб во Владата, како што вели „врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во државата“. Со новите мерки ќе се дозволи и организирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно со присуство на 30% од целосниот капацитет.

Капацитетот на градинките се зголемува од 15 на 20 деца во групи. Здравствените работници ќе можат да ги искористат старите и да земат нови годишни одмори.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *