ШПАНЦИТЕ ЛУДУВАА ПО УЛИЦИ И ПЛАЖИ ПО УКИНУВАЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

ШПАНЦИТЕ ЛУДУВАА ПО УЛИЦИ И ПЛАЖИ ПО УКИНУВАЊЕТО НА ВОНРЕДНАТА СОСТОЈБА

Епидемиолозите ги предупредуваат Шпанците дека пандемијата сѐ уште не е готова откако изминатиов викенд се славеше и лудуваше по улиците и плажите по повод крајот на шестмесечната вонредна состојба и укинувањето на полицискиот час. Елена Ванеса Мартинес, претседателка на Шпанското здружение на епидемиолози, кажа дека во земјата и понатаму има многу заразени и дека зачестените контакти можат да предизвикаат нов бран.

„Загрижена сум за сигналот на лажната безбедност што беше испратен со укинувањето на вонредната состојба и полицискиот час“,

изјави Мартинес

Општата забрана за движење во ноќните часови ќе остане на сила во четири од 19-те региони. Благодарение на укинувањето на голем дел од рестрикциите, повторно може да се патува низ Шпанија и да се посетуваат роднини. Во Мадрид и Барселона, огормни групи млади ја прославуваа слободата на централните плоштади, при што ретко кој носеше маска, а се игнорираше и социјалната дистанца.

Тоа ги принуди властите да интервенираат во овие делови.

„Слобода не значи дека треба да се одржуваат улични забави со алкохол. Пандемијата не е завршена“, 

изјави градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинес-Алмеида

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *