БЕКТЕШИ: СВАДБИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ

БЕКТЕШИ: СВАДБИ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ОРГАНИЗИРААТ ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОТ

Министерот за економија, Крешник Бектеши за емисијата „Клик плус“ изјавил дека на крајот од мај, односно почетокот на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави. Според него, доколку продолжи ваквата епидемиолшка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени.

Филипче соопшти дека епидемиолошката слика во земјава се подобрува, но прерано е за повлекување на сите мерки. Тој изјави дека се намалува бројот на новозаразени случаи со Ковид, а се ослободуваат и болничките капацитети. Полека, но сигурно ковид-центрите по клиниките се затвораат и болниците се враќаат на нивните примарни дејности.

Според него, рано е да се дозволи одржување на свадби и организирање на концерти, но најави дека во текот на оваа недела ќе има и состанок со претставниците на организаторите на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *