ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ВО ПОСЕТА НА ШПАНИЈА

ЗАЕВ И ДИМИТРОВ ВО ПОСЕТА НА ШПАНИЈА

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, денес попладне заминуваат за Мадрид за да ја остварат првата премиерска посета на Кралството Шпанија. Заев до Мадрид допатува од Брисел каде вчера имаше средби со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, како и други високи претставници на ЕУ и Европскиот парламент.

На тие посети, премиерот побара да се одблокира европскиот пат на Македонија и порача македонскиот јазик и македонскиот идентитет, наметнати како прашања од Бугарија, воопшто не смеат да бидат тема на разговор. Заев утре во Мадрид би требало да оствари средба со претседателот на Кралството Шпанија, Педро Санчез, како и Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.

Предвидена е средба и со Антони Гараменди, претседател на Шпанската конфедерација на работодавачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *