ФИЛИПЧЕ ОЧЕКУВА ДА СТИГНАТ РУСКИТЕ ВАКЦИНИ И ПОКРАЈ ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

ФИЛИПЧЕ ОЧЕКУВА ДА СТИГНАТ РУСКИТЕ ВАКЦИНИ И ПОКРАЈ ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИОТ ДИПЛОМАТ

Министерот Филипче денес изјави дека нема најави дека протерувањето на рускиот дипломат од нашата земја, би довело до комплицирање на набавкаа на 200.000 вакини од руски Спутник. Покрај тоа, Филипче потенцираше дека прашањето не треба да се политизира. 

„Немам такви информации дека Македонија би трпела последици. Во ниту еден момент за време на бројните средби, а и сега за телефонските разговори што ги имам со рускиот амбасадор, нема никаква најава за политизација на прашањето. Ниту беше така на почетокот, ниту е сега. останува да видиме. Ги кажав најавите, а тоа е дека до крајот на мај ќе стигне одредена количина. Ќе видиме дали ќе е така. Ќе кажам повторно, ние бевме една од земјите кои најмалку временски чекаше од моментот на нарачката до стигнување на првата количина. Мала беше, нпо многу стгна после нарачката“, рече Филипче. 

„Од таа комуникација која ја имав досега и која бешпе многу коректна, не очекувам да има проблеми. Но, еве да видиме“, рече Филипче.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *