САЕМОТ НА КНИГА 2021 ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 08.-14. СЕПТЕМВРИ

САЕМОТ НА КНИГА 2021 ЌЕ СЕ ОДРЖИ ОД 08.-14. СЕПТЕМВРИ

Саемот на книга 2021 ќе се одржи од 8. до 14. септември, во A1 Арена, С.Ц Борис Трајковски. Саемот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, кое традиционално ја поддржува оваа голема културна манифестација.

Саемот на книга и оваа година ќе биде организиран во соработка со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија. 

Саемот на книга претставува најпозната манифестација за читателите и е проследена со масовна продажба на книги. Издавачите ги подготвуваат најновите изданија за презентација, а посетителите повторно ќе можат да изберат од големата и разновидна понуда од голем број домашни и странски автори.

За време на одржување на саемот протоколите за безбедност ќе бидат најстрого почитувани, за кои посетителите и изложувачите ќе бидат навремено информирани.

И покрај ограничувањата кои се воведени поради пандемијата, се очекува посетата на саемот да биде на очекуваното ниво од повеќе од 20.000 посетители.

Под мотото „безбедни саеми“, Саемот на книга е првата саемска манифестација за годинава, а по него следи и долгоочекуваниот Саем за мебел.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *