УЕФА НЕ ПОПУШТА: ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА РЕАЛ МАДРИД, БАРСЕЛОНА И ЈУВЕНТУС

УЕФА НЕ ПОПУШТА: ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ЗА РЕАЛ МАДРИД, БАРСЕЛОНА И ЈУВЕНТУС

Европската куќа на фудбалот, УЕФА, не е спремна да им прости на Реал Мадрид, Барселона и Јувентус за кршење на правилникот во обидот за создавање на европска Суперлига.

Овие три клуба беа главни во Суперлигата, проект кој живееше само 48 часа, откако останатите тимови се повлекоа по заканите од УЕФА. За жал својата непослушност и тврдоглавост ја продолжија Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, кои не сакаа да се откажат од проектот.

Од УЕФА сега покренаа дисциплинска постапка против овие три клуба кои може наредните две години да останат без место во Лигата на Шампиони.

„По истрагата која ја направи етичкиот и дисциплинскиот инспектор на УЕФА со проектот Суперлига, почната е постапка против Реал Мадрид, Барселона и Јувентус поради кршење на правилникот“,

велат од УЕФА

Во постапката учествуваат инспектори кои ја претставуваат организацијата во постапките пред контролното, етичкото и дисциплинското и апелационото тело. Се содржи од 20 члена, а бидејќи еден од нив е Шпанец, тој нема да учествува во овој процес поради потенцијален конфликт на интереси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *