УШТЕ ЕДНА ФЕНОМЕНАЛНА НОЌ ЗА ЈОКИЌ, МИЛВОКИ НА ЧЕКОР ОД ПЛАСМАН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

УШТЕ ЕДНА ФЕНОМЕНАЛНА НОЌ ЗА ЈОКИЌ, МИЛВОКИ НА ЧЕКОР ОД ПЛАСМАН ВО ПОЛУФИНАЛЕТО

Никола Јокиќ е еден од главните кандидати за МВП, а центарот го докажува тоа од натпревар во натпревар во плеј-оф фазата. Српскиот кошаркар со 36 поени, десет скокови и пет асистенции им помогна на Денвер да го совладаат Портланд на гости со 120:115.

Покрај тоа, Јокиќ постави нов клупски рекорд, откако стана првиот играч кој забележал 30 и повеќе поени во првите плеј-оф натпревари. Кај Портланд, напорот на Лилард кој постигна 37 поени не беше доволен за победа на Трејлблејзерс.

Милвоки е на чекор од пласман во полуфиналето на Источната конференција, откако повторно го срамнија Мајами во нивниот трет дуел со 113:84. Најефиксаен кај Бакс беше Мидлтон со 22 поени, осум скокови и пет асистенции, а со него тука беше и Хитси Батлер кој постигна 19 поени, осум скокови и шест асистенции.

Во последниот меч од ноќта Лејкерси повторно ги шокираа Феникс и во „Стејплс Центар“ победија со 109:95. Најдобар во редовите на „езерџиите“ се покажа Дејвис со 34 поени и 11 скокови, а во Феникс свој дабл-дабл учинок имаше Ејтон со 22 поени и 11 скокови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *