ШПАНИЈА: ЧЕТИРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ПОРАДИ ВАКЦИНАЦИЈА СО  „АСТРАЗЕНЕКА“

ШПАНИЈА: ЧЕТИРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ПОРАДИ ВАКЦИНАЦИЈА СО „АСТРАЗЕНЕКА“

Најмалку 20 случаи на тромбоза и 4 смртни случаи се пријавени по вакцинирањето со „Астра-Зенека“. Просечната возраст на жртвите е 43 години. Ова го сумираше АП. Агенцијата се обрати до Министерството за здравство во Мадрид.

Ова ги принуди здравствените власти да го следат примерот на Германија и Франција за да препорачаат лица на возраст под 60 години кои веќе ја примиле првата доза на лекот, да ја завршат вакцинацијата со втора доза „Фајзер“.

Шпанците со првата доза сепак имаат право да ја побараат нивната втора доза да биде со „АстраЗенека“, рече министерката за здравство Каролина Дариус. Таа увери дека во Шпанија биле дадени скоро пет милиони дози од вакцината АстраЗенека, така што инциденцата на тромбоза (0,0004%) и на починати пациенти (0,00008%) е премал процент од вкупниот број на вакцинирани лица.

Доколку дозите на вакцината Оксфорд останат неискористени, властите уверија дека нема да бидат отфрлени, туку ќе бидат донирани на други земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *