ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД Е ЛЕК ЗА РЕВМАТСКИ, СРЦЕВИ И МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ

ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД Е ЛЕК ЗА РЕВМАТСКИ, СРЦЕВИ И МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ

Истовремено со Светскиот ден на велосипедизмот, кој се слави ширум светот во четврток, водечки лекар во Индија верува дека возењето велосипед е лек за ревматски, срцеви и ментални болести, покрај одржувањето на здравјето на луѓето.

Во интервју за „Анадолу“, д-р Аман Шарма, професор по клиничка имунологија и ревматологија на Институтот за медицинско образование и истражување во Чандигар во северна Индија, коментира дека велосипедизмот може да игра улога во лекувањето на заболените од ревматоиден артритис.

„РА е независен фактор на ризик за срцеви заболувања, а вежбите како што е возењето велосипед сигурно би имале голема корист и од овој аспект“. Возењето велосипед може да им помогне на пациентите кои немаат сериозно заболување на коленото и кои можат лесно да возат велосипед.

Според д-р Шарма, бидејќи пандемијата предизвикува загриженост за менталното здравје, велосипедизмот може да игра позитивна улога. „Тековната пандемија на КОВИД-19 има огромно влијание врз менталното здравје на секое човечко суштество, велосипедизмот помага позитивно“, додаде водечкиот експерт за ревматологија.

Тој објаснува дека, како и другите вежби, возењето велосипед прави да се „чувствуваме добро“, што е потребно не само за физичка, туку и за ментална благосостојба.

Лекарот коментира дека е охрабрувачки да се гледаат луѓе кои возат велосипед во Индија, каде што голем дел од населението се бори со болести на животниот стил.

“Возењето велосипед е многу добра вежба и е во фокусот на моменталната пандемија. Бидејќи спортските сали се затворени, добиваме пораки дека трендот е веќе засилен”, рече д-р Шарма. Тој го опиша овој тренд како многу охрабрувачки.

Со текот на времето, се појавија многу велосипедски групи кои им помагаат на луѓето да се поврзат и исто така да поминуваат квалитетно време заедно.

“Возев велосипед со моите колеги и можам да ви кажам дека ова е единствено време кога има некаква форма на неформална социјална интеракција овие денови. Кога одиме на пат, гледаме толку многу луѓе кои возат велосипед овие денови, или сам или во групи. Тоа ќе помогне на различни начини“, рече тој.

Извештајот на Светската здравствена организација во 2019 година ја рангираше Индија на осмото место во глобалниот индекс на преваленца на недоволна физичка активност кај адолесцентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *