НБА ЌЕ КРУНИСА НОВ ШАМПИОН, КРАЛОТ ЏЕЈМС ЕЛИМИНИРАН

НБА ЌЕ КРУНИСА НОВ ШАМПИОН, КРАЛОТ ЏЕЈМС ЕЛИМИНИРАН

Кошаркарите на Феникс ставија крај на бранителите на титулата со победа од 113:100 среде „Стејплс Центарот“. Во првата четвртина Санс креираа солидна предност и со одлична игра ги оставија Лејкерс на само 14 поени. Ентони Дејвис тогаш го напушти паркетот и до крајот не се врати.

За нештата да бидат полоши, Алекс Карусо се повреди на натпреварот. Гостите имаа комплетна контрола над целиот натпревар и не им дозволија на „езерџиите“ да се вратат.

Девин Букер беше најефикасен со 47 поени и 11 скокови, додека за Лејкерс најдобар беше „кралот“ Џејмс со 29 поени.

Во нивниот полуфинален дуел, Санс ќе се сретнат со Денвер Нагетс кои го елиминираа Портланд. Денвер триумфираа над Портланд со 126:115 и со 4-2 во серијата продолжија кон полуфиналето.

Како по обичај, Јокиќ беше најдобар во својот тим со постигнати 36 поени, осум скокови и шест асистенции. Трејлблејзерс имаа дури шанса и да опстанат во плеј-оф со оглед на тоа што имаа дури 14 поени разлика во третата четвртина. Меѓутоа, шест минути пред крајот се разбуди чудовиштето во Јокиќ и му донесе победа на тимот од Колорадо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *