ШТО ЌЕ ИГРА ДОЗНАЈ ОВАА НЕДЕЛА?

ШТО ЌЕ ИГРА ДОЗНАЈ ОВАА НЕДЕЛА?

Доаѓа уште еден викенд, кој иако можеби ќе биде најинтересен и највозбудлив за основците и средношколцитее чии што летен распуст започнува, ќе биде релаксирачки и за нас останатите, кои ќе имаме прилика да одмориме од „возрасниот“ живот. Еве како, од гејмерски аспект, Дознај.мк планира да го помине викендот!

Дамјан Темелкоски

Одамна ја имав во библиотека, но никако немав можност да ја започнам, но кога веќе го сторив тоа, никако да ја откачам! „Ratchet&Clank“ е вистинското ремек-дело, а за тоа зборува нејзиниот комерцијален успех, како и љубовта и почитта која ја има од сите љубители на видео игрите, особено од оние фанатици за конзолите на Sony. Поради сите „локдауни“ и коронавируси, ова дијамантче го дадоа бесплатно за сите сопственици на PS-конзоли, па така имав прилика примерок да зграпчам и јас. До таму до каде што стигнав играта е феноменална, а ќе продолжам да ја играм и викендов!

Другата игра ќе ми биде еден носталгичен избор, кој ми падна на памет откако целата музичка плејлиста од играта ја ислушав за време на еден тренинг. Се работи за легендарната „NFS U2“, играта со најдобрата музика, најубавиот град, најинтересната мапа и најголемиот асортиман на козметички опции за вашето милениче на четири тркала. Како голем љубител на игри со возење, можам да кажам дека една од најсрцепарателните теми ми е за златната ера на „Need For Speed“ и копнежот по ново слично време, кое за жал, никогаш нема да дојде.

За крај, сакам да потсетам дека новата бесплатна игра од „Epic Games“ е „Frostpunk“, која најверојатно ќе ја пробам викендов, а еве го и нашиот текст на таа тема!

Марко Гулевски

Со оглед на тоа што е испитна сезона за повеќето, така ме фати и мене, па немам нешто многу време за да се посветам на некои подолги и покомпактни игри. Прво ќе целам да го довршам второто продолжение на „Hotline Miami“. Најдобро што можам да ја опишам играта, таа е крвав хаос од птичја перспектива која го уловува чувството на 80-тите.

Вториот избор технички тек треба да излезе со оглед на тоа што е демо од игра која е во изработка на човек-студио од Кина. Играта е мешавина на Dark Souls елементи во FPS свет со музика и ритмички пристап како Devil May Cry. Ова е една од игрите за кои сум навистина возбуден да излезат во наредниот период.

Филип „Dr.Lorre“ Ѓоршовски

Со оглед на тоа дека мајка ми е дојдена во посета, ќе избегнам да играм се што е компетативно за да го задржам пристојниот јазик пред неа. Да бидам поконкретен, да „не терам се у п.м.“ затоа што тоа не доликува, барем пред мајка во најмала рака.

Затоа мислам дека ќе ми е најпаметно да се задржам на сингл плејр игрите, па ќе ја спуштам Resident Evil Village. Навистина ми изгледа доста интересно, графиката е преубава, а приказната ми ветува многу, така да ќе морам да ја пробам, а ви препорачувам и вие да ја пробате.

Да бидам искрен, ако инсистира Марче ќе пукнам една-две LoL 😀

Ве оставам со добра мисла и останете ми со здравје. Имајте убав викенд!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *