ДОНИ ЈЕН СЕ ПРИКЛУЧИ НА НОВИОТ ЏОН ВИК

ДОНИ ЈЕН СЕ ПРИКЛУЧИ НА НОВИОТ ЏОН ВИК

Ѕвездата од филмовите со боречки вештини, познатиот Дони Јен, се приклучи на составот на „Џон Вик 4“. Режисерот на франшизата, Чед Сталески го донесе вештиот борец да ја игра улогата на пријател на Џон Вик кој има слична приказна и исти непријатели.

“Навистина сме возбудени што Дони Јен се приклучува на франшизата. Едвај чекам да работам со него за оваа возбудлива нова улога“,

вели Сталески

„Дони Јен ќе донесе нов вид на енергија на франшизата. Одлучни бевме да го донесеме во екипата за „Џон Вик 4“ и сме возбудени што ќе соработуваме со еден таков талент покрај Кијану“,

изјави продуцентот Басил Иваник

Најновата авантура на акциониот херој започнува со снимање ова лето во Франција, Германија и Јапонија, а се очекува да пристигне во киносалите 27. мај 2022 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *