ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕР ЗА НОВАТА МАКЕДОНСКА СЕРИЈА „BLACK OPS“

ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕР ЗА НОВАТА МАКЕДОНСКА СЕРИЈА „BLACK OPS“

Нешто што одамна се најавуваше во македонската јавност, сега конечно доби некаква конкретна форма. Долго очекуваната македонска серија „Black Ops“, сега доби свој трејлер, а како што беше и најавувано, во него своја ролја играат најголемите ѕвезди од македонската естрадна и шоу-биз сцена, Меѓу главните ликови се истакнуваат Тамара Тодевска, раперите Таско и Тракер, јутјуберот Стефан Лазаров, истакнатата македонска актерка Ана Стојановска како и легендарниот Игор Џамбазов, додека пак главната улога навидум ја игра Давид Мука, можеби најпознат како пејачот на групата „Project Orpheus“, која веќе некое време не е активна на сцената.

Серијата имаше своја голема премиерна промоција вчера во „Сити Мол“, каде некои од најпопуларните личности во Македонија присустуваа на примажувањето на трејлерот за новиот македонски проект.

Според она што се забележува на трејлерот, приказната испреплетува американско сценарио, помалку стереотипично, во комбинација со блискиот Исток, пред дејствието да стигне во Балканот, каде владее мафијата. Нашиот став е дека, имајќи го лимитираниот буџет, продукцијата изгледа импресивно, но истото не можеме да го кажеме и за глумата, која иако задоволува, на моменти оддава аматерски впечаток.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *