ДИЊАТА Е ОВОШЈЕ СОВРШЕНО ЗА ЛЕТО: НЕ ДЕБЕЛЕЕ, СМИРУВА ИЗГОРЕНИЦИ И УБОД ОД ИНСЕКТИ

ДИЊАТА Е ОВОШЈЕ СОВРШЕНО ЗА ЛЕТО: НЕ ДЕБЕЛЕЕ, СМИРУВА ИЗГОРЕНИЦИ И УБОД ОД ИНСЕКТИ

Летото се ближи, а со тоа се ближи времето за лубеница, но и нејзината помала сестра, благата диња. Дињата содржи 95% вода, низок процент на шеќер и одличен вкус и арома. Таа е богата со витамини и минерали, содржи голем процент на витамините Ц и Б, бета каротен, калциумм, магнезиум, фосфор, железо и бакар.

Во споредба со лубеницата, дињата содржи три пати повеќе калиум, а нејзиниот сок го регулира крвниот притисок, а високото ниво на влакна помага со варењето. Ова овошје е совршено и за детоксикација на организмот и при надуеност. Содржи 300 милиграми калиум на 100 грама плод и му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум, а со тоа го намалува високиот крвен притисок.

Во минатото, сокот од диња се користел за ублажување на болки, на тој начин што болното место се мачка со сок од цедена или ситно исецкана диња. Знаеме дека летно време инсектите се насекаде, а Сонцето пече, па добро е да знаете дека дињата ги смирува изгорениците и убодите од инсекти, само со едно ладно парче. Што е уште поважно, дињата не дебелее, па затоа е идеален оброк и доколку сакате да изгубите вишок килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *