КОРЕЈЦИ НАПРАВИЈА ИЗУМ ЗА ЗОМБИ КОРИСНИЦИТЕ НА СМАРТФОНИ

КОРЕЈЦИ НАПРАВИЈА ИЗУМ ЗА ЗОМБИ КОРИСНИЦИТЕ НА СМАРТФОНИ

Голем број луѓе стануваат зависници на своите смартфони и се невнимателни додека се движат, па затоа и често се појавуваат повреди. Јужнокорејски дизајнер одлучил да им помогне на овие луѓе кои се во ризик да се повредат и измислил т.н. „трето око“ кое корисниците можат да го постават на челото.

На овој начин „зомби смартфоните“ ќе добијат помош да не се удрат во ѕид или во некој предмет на смешен начин. „Третото око“ е едноставно бидејќи додека тие гледаат во телефонот, окото гледа напред наместо вас. Кога некој предмет е оддалечен метар или два од лицето кое во тој момент гледа во телефонот со спуштена глава, „третото око“ испушта звуци за да ги предупреди на претстојната опасност.

Дипломираниот  студент по инженерски дизајн за иновации во Лондон демонстрираше во Сеул како да се користи „третото око“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *