ИАКО НЕ СТАПНАА ВО КАНЦЕЛАРИЈА, АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ДОБИЕ К-15

ИАКО НЕ СТАПНАА ВО КАНЦЕЛАРИЈА, АДМИНИСТРАЦИЈАТА ЌЕ ДОБИЕ К-15

Административците кои од март минатата година па речиси до сега, не одеа на работа заради заштита од Ковид-19, сепак ќе добијат К-15, пари кои се предвидени во ребалансот на буџетот. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата за ребаланост на буџетот.

„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев на денашната прес-конференција за ребалансот на буџетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *