ДЕЈМОН ХИЛ ЌЕ БИДЕ ТЕМА НА НАЈНОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА АЛЕКС ХОЛМС

ДЕЈМОН ХИЛ ЌЕ БИДЕ ТЕМА НА НАЈНОВИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА АЛЕКС ХОЛМС

Поранешниот Ф1 шампион, Дејмон Хил, ќе биде тема на најновиот документарен филм на режисерот Алекс Холмс. Филмот ќе разгледува како Дејмон се соочил со смртта на неговиот татко, Ф1 иконата Грејам Хил, и се предизвикал самиот да стане еден од најбрзите и најопасните во свеотот на мотоспортот.

Дејствието ќе ја разгледа борбата на еден син да го разбере својот татко, како и неговата борба како наследник на великан во Формула 1. Со поддршка од самиот Дејмон Хил, снимателите ќе ја имаат на располагање интимната семејна архива, како и архиви од опасната ера на мотоспортот во 1960-тите и напнатите ривалства на иконите од 1990-тите, Шумахер, Сена и Прост.

Снимањето би започнало подоцна оваа година, а ќе се појават и Берни Еклстоун, Герхард Бергер и Дејвид Култхард меѓу другите.

„Возбуден сум што мојата приватна приказна ќе ја истражи мојата длабока блискост и поврзаност со мојот татко и силните паралели помеѓу нашите возачки кариери“,

изјави Хил

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *