ГУГЛ ПЛАНИРА ДА ГО ОТКРИЕ СМАРТФОНОТ КОЈ СЕ ПРЕКЛОПУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

ГУГЛ ПЛАНИРА ДА ГО ОТКРИЕ СМАРТФОНОТ КОЈ СЕ ПРЕКЛОПУВА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА

Гугл можеби се повлекоа од идејата да навлезат во светот на паметни часовници со „Pixel Watch“, но немаат таква намера и со својот смартфон кој ќе се преклопува. Според информации кои протекоа минатиот август, Гугл планира да го пушти овој смартфон до крајот на 2021 година.

За OLED панелите наводно одговорни се од Самсунг, пренесува корејскиот сајт „TheElec“. Покрај за Гугл, од корејскиот гигант работат и на панели за Vivo и Xiaomi во оваа иста категорија. Своите амбиции да создаде ваков телефон, технолошкиот гигант ги соопшти уште во 2019 година.

Според „TheElec“, панелот ќе има големина од 7.6 инчи и ќе може да се витка навнатре, додека оној на Vivo ќе има главен екран со големина од 8 инчи на главниот екран и 6.5 инчи на другиот дисплеј. Сепак, можно е Самсунг да не работи на панелите за т.н. „Pixel Fold“, туку самите Гугл да се обидат да направат свој дизајн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *