НИКОЛА ЈОКИЌ Е МВП НА НБА ЛИГАТА!

НИКОЛА ЈОКИЌ Е МВП НА НБА ЛИГАТА!

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ е прогласен за најкорисен кошаркар (МВП) на сезоната во НБА-лигата, откако одигра речиси беспрекорна сезона, запишувајќи 72 натпревари, со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции.

Никола Јокиќ е најниско рангираниот играч на драфтот кој станал МВП. Во 2014 година, Денвер го избра како 41. пик на драфтот. Исто така, тој е првиот МВП, по Коби Брајант во 2008 година, кој ги одиграл сите натпревари во регуларниот дел од сезоната.

Србинот е само шести странец во долгата историја на НБА кој може да се пофали со ова најголемо признание. Пред него од Европа МВП станаа Дирк Новицки и Јанис Антетокумпо (Грција, со потекло од Нигерија), а кошаркари родени надвор од САД коишто станаа МВП беа уште само Хаким Олајџувон од Нигерија, Стив Неш (роден во Јужна Африка) и Тим Данкан роден на Вирџинските Острови кои спаѓаат под САД.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *