ДИДИЕ ДЕШАМП ПРОЗБОРЕ ЗА ПОВРЕДАТА НА БЕНЗЕМА!

ДИДИЕ ДЕШАМП ПРОЗБОРЕ ЗА ПОВРЕДАТА НА БЕНЗЕМА!

Иако Франција одигра импресивен пријателски натпревар против Бугарија, победувајќи ја со 3-0, сите очи и уши беа вперени кон Карим Бензема и новостите околу неговата состојба, откако напаѓачот поради повреда побара да излезе од игра уште во првиот дел.

Напаѓачот заработи незгоден удар при еден дуел со противнички играч и се обиде да продолжи да игра, но набрзо после тоа побара измена и на неговот место влезе Оливие Жиру кој подоцна постигна два гола во самата завршница.

Ова беше причина за голема вознемиреност во француската јавност, но Дидиде Дешамп, колку толку, ја смири целата ситуација, откако излезе со првична прогноза за неговата повреда.

– „Карим доби удар и почувствува вкочанетост во мускулот кое траеше извесно време. Поради тоа, решивме да го извадиме од игра и да не ризикуваме со неговото здравје. Јасно е дека ќе биде прегледан и тестиран во наредните денови.

„Вакви работи се секојдневни во фудбалот и знаат да се случат. Тешко е да се справите со нив, но не станува збор за ништо драматично. Медицинскиот тим веќе работи со него“, – изјави Дешамп по победата над Бугарија од 3:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *