КИРА НАЈТЛИ ПРОБЛЕМИ: НОСЕЛА ШАНЕЛ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА

КИРА НАЈТЛИ ПРОБЛЕМИ: НОСЕЛА ШАНЕЛ ЗА ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈАТА

За разлика од обичните смртници, Кира Најтли сака да е подобра од сите. Додека голем број луѓе се бореа за живот и опстанок, најголемата нејзина борба била да одлучи кое парче Шанел ќе го носи. За време на најцрните денови од пандемијата ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ од глава до пети била облечена во Шанел.

„Имавме трамполина во нашата градина, па одлучивме дека ќе носиме само фустани додека сме на неа. Ставав црвен кармин секој ден, и било кое парче Шанел кое го имав во гардеробата, а мојата ќерка Еди имаше Шанел панделки во косата“,

вели Најтли, која се сеќава како го поминала времето со семејството

Најтли има две ќерки – 6-годишната Еди и едногодишната Делајла – заедно со поранешниот член на Klaxons, рокерот Џејмс Рајтон. Имало посебни правила како може да им се придружи Рајтон – тој морал да носи некои од неговите разновидни Гучи одела во дизајн на паун“, вели актерката.

„Си помислив која е поентата да се имаат толку убави работи во гардероберот, кога се чувствувате како да живеете во апокалиптична и страшна средина? Меѓутоа беше навистина важно да бидеме среќни за децата“,

појасни славната актерка

Познатата актерка има долга историја со модниот бренд уште од 2007 година кога стана лице на кампањата и ја носеше нивната облека на црвениот тепих, како и нејзината венчавка во 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *