УШТЕ ЕДЕН ШПАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС!

УШТЕ ЕДЕН ШПАНСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС!

Откако Серхио Бускетс доби позитивен тест на коронавирус, шпанската репрезентација е погодена од уште една шокантна ситуација, откако беше потврдено дека и дефанзивецот Диего Љоренте е позитивен на вирусот. Фудбалерот, протоколарно, веќе го напуштил тренинг кампот и отишол во изолација.

Во Шпанија стравуваат дека по ова може да се појави уште некој позитивен на ковид-19.

Шпанците стартно не сакаа да се вакцинираат пред почетокот на ЕУРО, а сега кога веќе се согласија можеби ќе биде и предоцна, со оглед на тоа што постои опасноста вирусот да се раширил и кај други индивидуи во кампот на Шпанците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *