МАРВЕЛ: ЛОКИ Е „ЏЕНДЕРФЛУИД“

МАРВЕЛ: ЛОКИ Е „ЏЕНДЕРФЛУИД“

Локи низ текот на филмовите од Марвел се претвори во Капетан Америка, Один, Тор, па дури и змија, па можностите се до небото за богот на измамата. Од Дизни решија да го искористат ова и во кратко видео во пресрет за Локи серијата да речат дека норскиот бог е всушност „џендерфлуид“.

Во норската митологија и Марвел универзумот, Локи може да заземе изглед на било што и кого што сака. За време на своите авантури во стриповите, богот на измамата зазема многу женски форми, понекогаш претворајќи се во некои од хероините од универзумот, но има и сопствена женска форма која во неколку наврати ја користел.

Додека Локи е глумен од Том Хидлестон, серијата сугерира дека можеби ќе видиме и женска форма на карактерот. Серијата дебитира денес ексклузивно на платформата на Дизни, Дизни+.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *