МАУРИЦИО САРИ Е НОВИОТ ТРЕНЕР НА ЛАЦИО

МАУРИЦИО САРИ Е НОВИОТ ТРЕНЕР НА ЛАЦИО

Откако во јавноста долго време се зборуваше дека Маурицио Сари ќе седне на тренерската позиција во Лацио, од италијанскиот тим сега и официјално ја потврди веста. Во кусата објава на интернет страницата на клубот, само беше потврдено дека Сари ќе биде нов тренер, без притоа да ги каже деталите за договорот.

Неофицијално, италијанскиот стратег ќе заработува три милиони евра по сезона, со можност да стигне до дополнителен милион преку активирање на различни бонуси. Искусниот тренер една сезона беше без ангажман и си заработи 5,5 милиони евра од договорот со Јувентус, кој мораше да му го исплаќа договореното и покрај отказното решение.

Сари во Лацио ќе го наследи Симоне Инзаги, кој седна на клупата на Интер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *