РАБОТНИЦИТЕ ПОВТОРНО НА „РАДАРОТ“ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ-МНОГУ ВЕТУВАЊА, МАЛКУ РЕАЛИЗАЦИИ

РАБОТНИЦИТЕ ПОВТОРНО НА „РАДАРОТ“ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ-МНОГУ ВЕТУВАЊА, МАЛКУ РЕАЛИЗАЦИИ

Веќе подолго време политичките партии во Република Македонија не се во “политички зимски сон“ и започнаа со активна теренска и медиумска работа во желба да освојат што е можно поголем број на гласови на претстојните Локални избори оваа есен. Иако голем дел од партиите беа пасивни во периодот кога се губеа работните места, се затвараа фирми или пак наши сограѓани остануваа без парче леб и кров над глава, сега прераснаа во “најголеми борци“ за работнички права?!

Владините ветувања за проектот „Недела – ден за одмор“ по подолго време е најавено дека ќе стане реалност, но не наскоро, туку непосредно пред одржување на Локалните избори на есен, со што се става дамка во чесноста на нивните намери, односно остава простор за сомневање дека овој прокет ќе биде злоупотребен во политичката борба во која поразени ќе бидат само работниците.

Исто така, дополнителни сомнежи за потенцијални манипулации и злоупотреба на народни пари дава и владиното ветување дека оваа година К-15 ќе биде исплатено и на вработените во јавната администрација, сектор кој што е многу добро познато на кој принцип функционира во Република Македонија.

Од друга страна се опозиционите партии кои што водени од желбата да добијат фотеља повеќе, а неретко и целата власт, ветуваат разни проекти кои што единствено ќе бидат користени како мамец за гласачкото тело, по што истите проекти ќе останат заборавени и никогаш не реализирани!

Каде беа политичките партии кога десетици илјади работници ги загубија своите работни места?! Каде беа политичките партии кога имаа можност во собраниска процедура да издејствуаат промени и дополнувања на законите во интерес на работниците?! Каде беа членовите на општинските совети и градоначалниците да помогнат на локалното население за време на нивниот мандат?!

Да не се лажеме, политичките партии ги интересира само едно нешто и ништо повеќе од тоа – ВЛАСТА! Се до остварување на оваа цел тие глумат “борци за работниците“, глумат искреност и чеснот, а неретко и им успеваат таквите игри оставајќи го народот со празен стомак, додека истите политичари уживаат во благодетите од функцијата која што ја добиле токму од народот!

„Обединети работници“, како здружение на граѓани кое што целосно е посветено на борбата на работниците во Република Македонија, бара од политичките партии да не ги користат работниците како алатка за окрупнување на нивното политичко влијание, односно да не ги користат како обична гласачка машинерија и ништо повеќе!

„Обединети работници“ апелира до политичките партии да започнат со вистинско заложување за работничката класа преку изготвување на предлог-закони, покренување иницијативи, непосредна помош на работниците, а доколку има политичка и човечка волја, да биде дониран одреден процент од вкупните примања на политичките партии, добиени од страна на Буџетот на Република Македонија, во хуманитарни цели.

Само на овој начин ќе се оствари подобрување на положбата на работниците, само на овој начин работниците ќе го добијат она што го заслужуваат!

Движењето за социјална правда „Обединети работници“ ќе продолжи да биде гласноговорник на работничката класа и ќе продолжи да делува во интерес на работниците.

Работниците заслужуваат, работниците можат! Време е за обединување!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *