РИК И МОРТИ СЕ НАЈНОВИТЕ ПОП-КУЛТУРА ИКОНИ КОИ ПРИСТИГААТ ВО FORTNITE

РИК И МОРТИ СЕ НАЈНОВИТЕ ПОП-КУЛТУРА ИКОНИ КОИ ПРИСТИГААТ ВО FORTNITE

Имајќи предвид огромната популарност на Fortnite во светот, не само од аспект на видеоигри, туку и секојдневен живот, ваква колаборација беше неизбежна. Двата најпопуларни света од две индустрии стануваат едно со тоа што Рик и Морти доаѓаат во светот на Fortnite.

За играчите кои ќе го достигнат највисокото ниво на најновиот „Battle Pass“ наградата е козметика која им овозможува на играчите да го сменат нивниот карактер да изгледа како Рик Санчез, како и негова варијација.

Покрај пијаниот научник, со него допатуваа популарниот робот и дури мутирана верзија на неговиот внук. Роботот чија цел е само да пренесува путер најде нова функција како ранец во играта, додека мутираниот Морти е новата алатка преку која можете да собирате материјали.

Покрај овие предмети има специфичен танц кој може да го изведат карактерите, како и неколку спрејови кои можете да ги користите во популарниот Battle Royale. Што мислите вие, кој ќе биде најновиот додаток во познатата игра?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *