ШТО ГЛЕДА ДОЗНАЈ.МК ОВАА НЕДЕЛА?

ШТО ГЛЕДА ДОЗНАЈ.МК ОВАА НЕДЕЛА?

Што е поубаво од гледање добар филм или серија во вака врнежливо и непресметливо време? Екипата на Дознај.мк ќе ви препорача филмови и серии со кои ќе уживате во овие свежи ноќи.

Филип „Dr.Lorre“ Ѓоршовски

Денеска ми е денче како за гледање на некој филм со бокс, со физички пресметки, ама да не е „Роки“, па најверојатно ќе го гледам првиот дел од „Undisputed“. Да, знам дека не е со Јури Бојка, да знам дека не е тој со најмногу крв и тепање, ама улогата на Вестли Снајпс ми е така совршена за овој филм и навистина уживам да го гледам ова продолжение. Овој филм секогаш ве тера да помислите, а што ако не беше во затвор, а што ако ова-она… Плус овај е единствен од серијалот со бокс, а боксот е за мене единствениот спорт каде што можете да кажете дека сте шампион во вистинска смисла на зборот. Погледнете го, нема да се разочарате.

Доколку имам време, а вечерва можеби и тоа чудо ќе се случи, би сакал да ја изгледам Нетфликс серијата „Age of samurai – Battle for Japan“. Во кратки црти, оваа историска документарна серија е направена за ликот и делото на Ода Нобунага, лидерот на Ода кланот и еден од најголемите војсководци во Јапонија. Малку ексцентричен лик во јапонската историја, но дефинитивно и помалку луд, а сепак одличен тактичар. Одлично парче историја за љубителите на јапонската култура.

Како и секогаш, за добар сон ви препорачувам една епизода South Park, пример A Scause For Applause. Останете ми со здравје!

https://www.southparkstudios.com/episodes/1se5q4/south-park-a-scause-for-applause-season-16-ep-13?isRandom=true

Марко Гулевски

Оваа недела сакам да малку да бидам исплашен со оглед на тоа што стравот знае да нѐ држи будни, па можеби тоа ќе помогне во пресрет на поминување цели ноќи учејќи за испити. Сепак, тие ќе бидат во еден вид на времеплов, односно комбинирање на старо со ново.

Прв филм на распоредот е оригиналниот „Scream“. Со оглед на тоа што јас сум неедуциран во хорор филмови, како мал мислев дека го имам изгледано овој филм, само поради фактот дека сум го изгледал „Scary Movie“. Меѓутоа, оваа недела ќе видам што е „вистинската ствар“, народно кажано.

Од минатото заминуваме во сегашноста, па нареден на листата е новата верзија на Halloween од 2018 година, кој според многумина ја вратила франшизата меѓу подобрите во светот на хоророт.

И повторно одиме во минатото, каде ме чека уште еден култ-класичен филм – Army of Darkness. Многу луѓе велат дека овој филм би ми се допаднал и дека не е толку страшен колку што е забавен, па зошто да не.

Дамјан Темелкоски

Филмов случајно ми излезе на топ листа на највозбудливи филмови кои ве држат на работ од столчето од почетокот до самиот крај, па одлучив да го гледам. За Нетфликс “ориџинал” , филмот навистина успева да испорача и да ги штиклира повеќето квадратчиња, особено од аспект на тоа што постојано се чувствувате под исплашено, дури и кога ништо не се случува.

Како и да е, барем мене помалку ме разочара крајот, но тоа не значи дека и вие ќе го имате истиот впечаток. Накратко, звучи лудо, но се работи за човек кој оди да ги најде волците кои го однеле(изеле) детето на една мајка во едно мрачно село на Аљаска. Откачено нели?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *