ВИДЕО: ВАКА ИЗГЛЕДА КОГА ЌЕ НАПРАВИТЕ МЕЧ ОД ВИДЕОИГРА ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ

ВИДЕО: ВАКА ИЗГЛЕДА КОГА ЌЕ НАПРАВИТЕ МЕЧ ОД ВИДЕОИГРА ВО РЕАЛНИОТ СВЕТ

Британскиот ковач, Алек Стил донесе во живот вистинска верзија на мечот кој го носи Ноквроз во играта „The Elder Scrolls Online“. Ноквроз ќе биде еден од карактерите со кои ќе се запознаеме во новата експанзија на веќе големиот универзум.

Јутјуберот, чиј специјалитет е да го прикажува процесот на изработка на разни оклопи и мечови, соработуваше со Bethesda со цел да создаде реплика на мечот од играта кој дури и ќе свети.

„Секогаш сум бил фасциниран со челични оружја, како што се мечовите и секирите, па кога Bethesda ме контактираше за да го направиме најдобриот меч од фантастичниот свет, морав да прифатам“,

вели Стил

Тој изработувал предмети од челик уште кога имал 11 години. За него, мечот на Ноквроз е еден од најголемите предизвици со кои се соочил досега. Тој исто така е возбуден да види како ќе изгледа оружјето во светот на видеоиграта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *