АРХЕОЛОЗИ ПРОНАЈДОА КОКОШКИНО ЈАЈЦЕ СТАРО 1.000 ГОДИНИ

АРХЕОЛОЗИ ПРОНАЈДОА КОКОШКИНО ЈАЈЦЕ СТАРО 1.000 ГОДИНИ

Израелските археолози за време на ископувања во градот Јавне пронашле недопрено кокошкино јајце кое е старо околу 1.000 години.

„Ова е многу ретко откритие во Израел и во светот. Наоѓањето фрагменти од лушпи од јајца е секогаш интересно откритие кога работиме на ископувања, но тоа е релативно вообичаено, но наоѓањето на цело јајце е навистина уникатен феномен“,

рече д-р Ли Пери

Јајцето кое се смета за едно од најстарите во светот датира од визатинскиот период (од IV до VII век од нашата ера).

„Со оглед на тоа дека напукнало, голем дел од внатрешната содржина истекла, но зачуван е дел од жолчката, што ќе ни овозможи понатаму да истражуваме“,

вели Гал

Таа рече дека заедно со колегите откриле септичка јама од исламскиот период како дел од локалитетот и биле изненадени кога таму забележале необичен предмет.

„Одличното зачувување на јајцето веројатно се должи на условите во кои лежело со векови, заштитено во септичка јама со мек човечки отпад. Тоа всушност го зачувало толку добро“,

вели управителот на локалитетот, археологот Ала Нагорски

Јајцето пронајдено во Јавен уште повеќе се распука и се скрши откако беше отстрането од местото каде што беше откриено. Сепак, тоа наскоро ќе биде вратено во првобитната состојба во лабораторијата за администрација за антиквитети.

Уникатното јајце беше откриено од археолозите како дел од проектот за изградба на нов градски кварт, а во согласност со израелскиот закон, ископувањата треба да бидат заштитени пред да започнат какви било градежни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *